Росица Кулакова, сестра на 22-годишната млада дизајнерка Фросина Кулакова, која беше прегазена на „Партизанска“, ѝ ја донесе најголемата победа на Македонија на детскиот „Евросонг“.
Заедно со нејзиниот братучед Димитар Стојменовски ја претставуваа Македонија на Јуниорскиот избор за песна на Евровизија во 2007 година со песната „Динг Динг Донг“ и го освоија 5-то место. Нивниот успех следната година го повтори Боби Андонов со темата „Прати ми СМС“.
На „Википедија“ може да се прочита и кратка биографија за Росица. Пишува дека свирела пијано и одела на часови по англиски. Нејзиното хоби била музиката и возење велосипед. Во слободно време сакала да пее и танцува. Нејзините омилени пејачки биле Џенифер Лопез и Бијонсе.
Росица трипати настапила на „Супер ѕвезда“, детскиот фестивал на кој на само осум години дебитираше и нејзината сестра Фросина.

