Иронија на судбина или.. Еве што направил Васил откако ја прегазил Фросина

Тодор Кулаков, таткото на Фросина, гостуваше во централниот Дневник на Сител.

Во неговото обраќање рече дека некој се обидува да го заташка случајот и дека има информации оти се обидуваат притвореното момче да го преместат во друга институција.

Кулаков побара за трагедијата да одговараат и родителите на Васил, а откри и нешто неочекувано.

Кога новинарот го праша дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, кратко одговори „не“, па го кажа следново.

„Дали е иронија на судбина или не знам што е, веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, тој колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда“.

Кулаков најави нови протести и тоа помасовни пред институциите. Ппоради повеќето дела и прегазувањето на Фросина, тој смета дека Јованов треба да добие доживотен затвор.

Следни Објави

Ептен си личат: Гавазова ја покажа мајка си

Таа е една од најпознатите македонски фолкерки и живот каков што многумина посакуваат. Сузана Гавазова (45) веќе цела деценија е во хармоничен брак со Јасмин Курузовиќ со кого ги има ќерките Емили и Селена. Семејството ѝ е секогаш на прво место, а сега покажа и од кого ја наследила убавината. […]