Не го дочека раѓањето на синот: „Еден ден ќе разберете што сакал да каже тато“ 

Игор Југ, осуденик за „случувањата на 27 април“ ненадејно почина на 54-годишна возраст.

Не го дочека раѓањето на синот.

Непосредно пред смртта, Игор со трогателна порака ѝ го честиташе роденденот на ќеркичката.

„Среќен седми роденден Катарина! Од раѓање, твојот живот го поминуваш со татко ти во затвор!
Веројатно тоа го чека вашиот помал брат, кој наскоро треба да се роди. Запомнете, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водеа оваа земја. И претходните и сегашните. Ќе се чудите зошто само татко ти тоа го кажува јавно, а другите што лежат со него избегнуваат да го спомнуваат, а еден од нив, поширок во газот отколку во рамениците, болно амбициозен да стане министер или претседател, дури и ги фали оние што девет месеци не дупчат во здрав мозок, а ние останатите не ги шпионираме и не даваме мислење за нашата човечка вредност! Немојте да се чудите, овие суштества газат по семејните презимиња, ги менуваат и на нивно место ставаат прекари. Се во служба на личниот интерес и кариерата! Еден ден ти и брат ти ќе разберете што сака тато да ти каже“, напиша тој во објавата.

Следни Објави

„Наместо топлината на твоите прегратки, ми остана само студениот допир на стаклото“

„Дади моја! Наместо топлината на твоите прегратки, ми остана само студениот допир на стаклото. Вака изгледа неправдата“. Ова пред три дена го напиша Росица Кулакова, сестрата на 22-годишната Фросина која на 29 јануари беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“. Таа вчера испрати апел до медиумите, институциите и целата јавност да […]