fbpx

Миле го нема, десет дена мистерија: Два дена по исчезнувањето имал закажано судење

Десет дена полициските екипи засилено трагаат по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино.

Пред една недела беше пронајден неговиот мобилниот телефон покрај реката Луда Мара, но од момчето се’ уште нема ниту трага, ниту глас.

„Стотици прашања ни останаа неодговорени. Како, зошто, каде е, како може возрасен човек туку-така да исчезне, никој ништо да не види, да не знае.. Немаме никакви дојави, никој не го видел веќе цели девет дена. Се работи за млад живот, и ние нема да застанеме се додека не се најде брат ми. Нашето семејство минува низ претежок период, благодарни сме на целата јавност и на институциите за помошта и поддршката, а потрагата продолжува. Уште еднаш апелираме, доколку некој има било какви сознанија за случајот, да пријави во полиција“, раскажува сестрата на Миле за „Фокус“.

Тодоров бил вработен во приватна компанија во Кавадарци, каде дал отказ утрото пред да исчезне и потоа заминал во непознат правец. Миле бил и спортски судија. Два дена по исчезнувањето требало да суди на натпревар во кик-бокс.

Следни Објави

Чичкото на Фросина: „Секој од нас, како Исус, си го носи својот крст на плеќите“

Фросинче чичино После тие изложбите, тие ревиите што ги организираа од факултетот, на Фросина ѝ викав: Кога ќе станиш познат дизајнер, јас ќе бидам “чичкото на Фросина”. Она се смееше на тоа, онака, слатко и заразно, како што таа единствено можеше. Сега ми е жал што на ваков трагичен начин […]