fbpx

Ново обраќање на таткото на Фросина, се огласи и сестрата Росица: Срамно!

На прес-конференција која ја водеше нивниот адвокат, мајката и таткото на Васил Јованов кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова вчера конечно изразија сочувство на нејзиното семејство.

„Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка во ваква ситуација“, кажа, меѓу другото, Ана Јованова, мајката на Васил. Според неа, кобната вечер се зацрнија два дома.

Зборуваше и таткото на Васил кој нагласи дека и тој и сопругата живеат од плата и дека не се богата и влијателна фамилија, како што тоа, според нив, некој сака да го претстави.

Нивниот адвокат побара од јавноста разбирање, да не се повикува на линч и да се остави институциите да си ја завршат работата.

Вчера, во ист ден кога неговите родители држеа прес, Васил Јованов доби три години и 8 месеци затвор од Апелацискиот суд Скопје во второстепена постапка за кривичното дело за кое беше фатен со 80 кесички амфетамин.

По прес-конференцијата се огласи семејството на Фросина.

„Антисистемот ствара вакви родители кои пак ствараат Убиец! Никогаш немаат вистински каење, а кои и после 9 дена не изразија сочуство.. Ниту не’ исконтактираа.. Ама затоа веднаш подметнуваат телефон во “Шутка”, за да се договараат како да го прикриваат делото – “Убиство” на син им. Подеднакво исто како што и претходните случаи со судијката ги прикривале, што ги прави соученици со кривична одговорност! Значи нема нити каење, ни станува збор за сочувство.. Има само акција за да се изманипулира јавноста и стекнат симпатии од страна на родителите на убиецот“, напиша Тодор Кулаков, таткото на починатата Фросина на „Фејсбук“.

И сестрата на Фросина реагираше по прес-конференцијата.

„Сите сме сведоци на срамната изјава од родителите кои кажаа дека Васо им ја крадел колата за да ја вози, а тие ко неми си ќутеле. Па зарем тоа не е кривично дело – кражба?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?! М?“, напиша Росица Кулакова.

Следни Објави

„Не дај Боже и мене да ми се случи“: Статусот за Васо и Фросина кој масовно се споделува

Следам што се случува, читам, гледам и многу сум погодена. Фросина ја исплакав повеќе пати и сочувствувам со нејзиното семејство. И јас имам девојче. Го разбирам и гневот и револтот на јавноста, легитимен е. Ама свеста и совеста ме носи и на друго место. Таму каде што повеќето луѓе забораваат […]