Доцна вечерва на социјалните мрежи се огласи сопругата на Игор Југ, осуденик за настаните од 27 април кој ненадејно почина на 54-годишна возраст.
Во своето обраќање им се заблагодари на сите кои изразиле сочувство.
„Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме. Една реченица да ме послушаше, сега уште ќе беше меѓу нас. Денес ми е уште потежок ден од вчера, самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене“, пишува Ивана на „Фејсбук“.
„Се договоривме, нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Не’ чува оттаму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо. За да не ни е лут-нема да плачеме од утре, освен денес. Нека ни прости тато. Ние нему никогаш нема да му простиме што не’ остави и си замина“, искрена е сопругата на Игор.
„Го видовме на небото и го искаравме. Му пративме бакнежи и молби да не’ чуваат со бато Мартин.. Да, тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина“, завршува Ивана.