fbpx

Повторно се огласи мајката на Васил Јованов

Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, го откажа гостувањето во покастот „Претрес“.

Познатиот адвокат објасни дека оваа негова одлука е по барање од родителите кои сметаат дека е доволно кажано на прес-конференцијата.

Како гости биле поканети и родителите на Васил, но, како што пишува порталот Скопје 1, тие се заблагодариле на укажаната можност и ја одбиле поканата.

„Во овој момент сме премногу истоштени од сите случувања на кои сведочите периодов, така што искрено немаме сила и енергија за појавување во јавност и дополнително распламтување на ниски страсти и гнев наоколу, барем во овој момент“, било известувањето од мајката Ана Јованова.

„За овој случај има низа отворени прашања, а поврзани со личноста на Васил Јованов, поврзани со објавени невистини, но и со прикриени информации. Кој е Васил, колку точно прекршоци има направено, ќе признае ли вина, има ли каење, за потребата од телефон и кој го платил.. Ова се само дел од прашањата поврзани со возачот.. Но има и за родителите.. Ќе остане неодговорено, како жалат за несреќата, а истовремено пред медиумите тргнаа да објават аматерско видео каде се гледа и телото на загинатата Фросина. Секако, ќе ги отворевме и темите за пласираните лаги поврзани со личноста на возачот, за кои точни информации ќе побаравме од нив“, се наведува во официјалното соопштение.

Следни Објави

Падна одлука! Парите ќе легнат ако сте во оваа група граѓани

Владата на денешната седница одлучи да ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци. Одлуката ја соопшти портпаролката Марија Митева. „Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува […]