fbpx

Казна моја си ти! Најемотивната објава досега за прегазената Фросина (ВИДЕО)

Нема утеха за семејството Кулакови

Росица, сестрата на прегазената 22-годишна дизајнерка Фросина Кулакова, објави емотивно видео на социјалните мрежи.

„Ангел чувар“, напиша таа објавувајќи колаж од семејни фотографии, а за музичка подлога го одбра рефренот „Казна моја си ти“ на легендарниот Тоше Проески.

Нема утеха за семејството Кулакови. Тие бараат најстрога казна за 20-годишниот Васил Јованов кој пијан, на црвено светло и на пешачки премин ја прегази Фросина.

Нејзиниот татко гостуваше во последното издание на емисијата „Код“ кога, меѓу другото, отворено ја коментираше прес-конференцијата на родителите на осомничениот возач и неговиот адвокат.

„Бог нека ми прости, мојата фамилија нека ми прости, јас такво сочуство не можам да прифатам бидејќи е лажно“, кажа Кулаков за нивното однесување.

„Иако нивните намери им се такви нечовечни, јас само една работа можам да ги посоветувам. Молете се на Бога, признајте го делото, синот да го признае делото, да признаат мајката и таткото дека се соучесници во прикривање на криминалот, во прикривање на убиството.. Да пикаш телефони по притвори за да се договараш е чисто соучесништво. Значи, признајте го делото, правдата да биде задоволена, во спротивно самите си гледат како јавноста ги третира“, вели Тодор Кулаков.

Следни Објави

Солзите не можеше да ги сопре: Анета Наковска со потресно обраќање

„Не можам да си помогнам, драги мои. И оваа болка што ја чувствувам морав да ја споделам со сите вас“. Со овие зборови доцна синоќа Анета Наковска им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи. Фолкерката во видеото зборува за „страдалничка Македонија која постојано ги губи најхрабрите синови што […]