„Искоцкав повеќе од милион евра и изгубив буквално сè во животот“, вели популарнот македонски фолкер Гоце Пејковски.
Скопскиот пејач даде интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое скроз си ја отвори душата и проговори за работи за кои досега молчеше.
„Изгубив пријатели, го изгубив и семејството. Во животот има лек за сè, само за коцката нема“, вели Гоце.
„Тоа е нешто што не можам да си го објаснам, со тек на време се создава завист, потреба и е појако од сè, но немам одговор зошто“, раскажува тој.
Пејковски објаснува дека неговата приказна за зависноста е нешто што не се простува. Приказна за падот кој сите го гледале, но никој не го спречил. Една од оние приказни кои мора да се слушнат.