„Не можам да си помогнам, драги мои. И оваа болка што ја чувствувам морав да ја споделам со сите вас“.
Со овие зборови доцна синоќа Анета Наковска им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи.
Фолкерката во видеото зборува за „страдалничка Македонија која постојано ги губи најхрабрите синови што беа вистински родољуби и кои еден по еден заминуваат“, алудирајќи на ненадејната смрт на Игор Југ.
Своето обраќање Наковска го именува „Македонијо обедини се!“. Во текот на излагањето пејачката, очигледно совладана од емоциите, не можеше да ги сопре солзите.
Последниве години Наковска живее на релација Македонија-САД.