Емир Селимовиќ синоќа во Калесија, Босна и Херцеговина, ги убил сопругата Инела и 13-годишниот син.
Првичните информации говорат дека убиството е извршено со задушување.
Убиецот работел како доставувач, а убиената Селимовиќ била вработена во локална пекара, пренесува Српскаинфо.
Не се знае дали Селимовиќ по кого трага полицијата е вооружен.
Неофицијално било потврдено дека смртта настанала од гушење, па се сомнева дека Селимовиќ ја задавил несреќната Инела и го задушил детето.
Безживотните тела се пронајдени во станбено-деловен објект, а како што неофицијално дознава порталот, мажот и жртвата формално се разведени, но живееле заедно.
Klix.ba информира дека убиената на последните локални избори била кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
Организацијата „Глас на жените“ излезе со соопштение за убиството:
„Додека чекаме Федералното Министерство за правда конечно да го достави ревидираниот нацрт на измените на Кривичниот законик со кои би се регулирало фемицидот како посебно дело, сведоци сме на чести родови убиства на жени. Ја повикуваме владата на Федерацијата што поскоро да го достави текстот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Уште едно во низата ужасни убиства врз основа на пол“, пишува во соопштението.