Повеќе научни трудови покажале дека бабите од страната на мајката имаат најголемо влијание врз децата.
Врската меѓу бабите и внуците е длабока и силна, тие ги учат на основните правила од животот и несебично го нудат своето внимание. Оваа врска се формира на генетско ниво, велат научниците.
Стручњаците за генетски инженеринг кажуваат дека гените се пренесуваат кај нашите деца од бабите по мајчина линија! Според зборовите на стручните лица, дури и оние чувства што бабата ги доживеала во текот на бременоста, може да влијаат на развојот на внукот или внуката.
Секако, ова се генерализирани податоци, па во секое семејство сè може да се случи на различни начини и децата може да личат и на бабата по таткова линија.
Најважно е да не се заборави дека блиското сродство е комплексен и меѓусебно поврзан организам. Нашите емоции, однесувања, добрите или лошите навики може заедно со гените да им се пренесат на нашите деца и внуци.
Затоа, многу поважно е да им се обрати внимание на сопственото здравје и на сопствената психолошка состојба. Кога си наштетуваме себеси, ненамерно им наштетуваме и на идните генерации.