На 37-годишна возраст ненадејно почина хрватскиот музичар Иван Гранчариќ-Гранко.
„Работеше како тонски техничар, аранжер. Сними збирка авторски песни на кои беше комплетен автор“, пишува порталот „057инфо“.
Со трогателни посвети многумина се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Жителите на Задар добро ги знаат неговите рефрени. Од нежни љубовни балади до привлечни песни со длабоки социјални пораки, талентираниот музичар и кантавтор остави неизбришлива трага на музичката сцена“, пишува во една од посветите.
„Денес Задар загуби голема музичка движечка сила. Извонреден музичар, извонреден гитарист кој го обожаваа и од него учеа многу задарски музичари и гитаристи. Се гледаме таму горе на некоја нова свирка“, напишаа од бендот „Мунит“.