Почина познатиот хармоникаш Бобан Копуновиќ.
Соработуваше со многу познати имиња.
Сопругата на починатиот музичар, пејачката Снежана Копуновиќ е неутешна.
И неговите најблиски пријатели и колеги се во шок и неверување и со трогателни посвети се простуваат од легендарниот уметник.
„Не сакаше да ја дава својата хармоника, или како што ја нарекуваше „Принцезата“, да ја свири некој друг.. Мене ми ја даде и звукот на таа принцеза збогати многу песни што ги снимив. На музиката и пристапуваше со голема љубов, исто како и кон семејството, животот и пријателите. Брате мој, ангелите да те чуваат и Господ да ти ја прости душата“, со емотикон со скршено срце се обрати близок пријател и колега на Копуновиќ.
„Патувај Бобанчо, драг мој. Царството небесно“, напиша Никола Роквиќ.
* Забрането копирање