По кратко и тешко боледување почина Саша Поповиќ.
Основачот на „Гранд продукција“ ја загуби најважната битка.
Имаше 70 години.
„Со неизмерна тага тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави е неизмерно и го одбележа времето во кое живеел. Саша Поповиќ освен што беше визионер, беше и семеен човек, сопруг и татко, кој најголемата среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во бракот со Сузана, со која сподели долгогодишна љубов и поддршка, ги одгледа децата Александра и Даниел, на кои им беше огромна поддршка. Неговата харизма, неуморна работа и страст за музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе живее преку сите оние кои имаа привилегија да работат со него и преку сите оние чиишто животи ги допре тој ќе бидат објавени подоцна. Нека почива во мир“, пишува во официјалното соопштение.

