На 70-годишна возраст годинава почина Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“.
По долга боитка за потомство, Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ добија ќерката Александра.
Медиумите често пишуваа за неа дека е исклучително скромна девојка.
Поповиќ неодамна ѝ купи стан нејзе, но и на Даниел, синот на Сузана од првиот брак, кого го одгледа како свое дете.

„Сузана е во куќата со мене. За ќерката и синот купивме станови, продавници и гаражни простори и ги обезбедивме. За нас е важно да бидеме блиски. Пошто сум пензионер, некој да ме посети во старо време, а ние да им бидеме блиску, па ако Господ даде да дочекаме и внуци. Им ги опремивме становите, тоа им е најубавиот новогодишен подарок. Навистина се скромни, ова не го ни побараа, тоа беше само моја и желба на Сузана“, изјави неодамна Поповиќ за „Курир“.
За жал, тој не успеа долго да ужива во пензионерските денови, а неговата желба внуците да го посетуваат во длабока старост остана неостварена.

