fbpx

Важеа за најубава македонска двојка, а сега се отследија на „Инстаграм“

Музичарот, композитор, пејач и продуцент, Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска, инаку ќерката на бизнисменот Велија Рамковски, не се следат повеќе на „Инстаграм“.

Билбилов и Рамковска важеа за една од најубавите естрадни двојки, па фановите се прашуваат дали е во прашање маркетишки потег или едноставно не се повеќе во врска.

На нивните профили повеќе не може да се најде ниту нивна заедничка фотографија.

„Евидентно беше дека уживаа да ја покажуваат љубовта, а дали она што беше така силно меѓу нив, исто толку вешто тргнаа да го избришат и остават во минатото, најдобро знаат самите до каде и како стојат нештата. Ние само ги воочуваме промените“, пишува порталот „Вистина“.

И Билбилов и Рамковска имаат еден брак позади себе. Пејачот има син со поранешната манекенка Ана, а од бракот со бизнисменот Сефер Цановски Лејла има син и ќерка.

Следни Објави

Почина Саша Поповиќ

По кратко и тешко боледување почина Саша Поповиќ. Основачот на „Гранд продукција“ ја загуби најважната битка. Имаше 70 години. „Со неизмерна тага тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ е роден на 24 […]