„Татко ти почина во сообраќајка, мајка ти престана да пали свеќа за слава“: Што сè му кажала Баба Ванѓа на Саша Поповиќ

Саша Поповиќ во Југославија правеше неверојатни музички спектакли. Заедно со Лепа Брена и „Слатки грех“ ги полнеше најголемите сали и стадиони. Настапуваа на цел Балкан, а кога имале настап во Бугарија, тој не можел да одолее и отишол кај познатата јасновитка Баба Ванѓа.

Во една прилика детално ја опиша таа средба и што точно му кажала.

„Кога бевме на концерт во Бугарија, ни рекоа дека во 11 часот ни е договорена средба со Баба Ванѓа. Јас и Брена претходната ноќ добивме по две коцки шеќер. Ни беше кажано да ги завиткаме во салфетка и да ги ставивме под перница вечерта пред да ја посетиме јасновитката. Следниот ден отидовме кај неа. Не предупредија да не ѝ даваме пари или други материјални работи, бидејќи сето тоа го добила од државата, и автомобил и куќа и обезбедување. Цариникот не’ провери сите, поминавме еден километар, имаше шатори, а во нив луѓе на кои закажаниот термин им е дури за 15 дена. Тоа беа илјадници луѓе. Тито четири пати бил кај Ванѓа, таа му кажала што да прави. Ванѓа разумно зборуваше српски.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Пред Сузана, Саша Поповиќ ја запросил оваа позната пејачка, но таа му го скршила срцето

Саша Поповиќ заработи милиони, но имаше само една желба: За жал, не му се оствари

„Ми кажа да ги извадам наочарите, но одбив. Ми рече да не бидам безобразен и добро да запамтам се’ што ќе ми каже. И почна брзо да зборува: „Имаш 37 години, татко ти загина во сообраќајна несреќа, мајка ти остана сама, престана да ја пали свеќата за слава, предупреди ја“.
Па, ми рече дека мојата црвена кола е супер, ја купив во Виена, но и ми напомена да ги чувам документите што ги заверив таму. Потоа ми кажа и дека групата каде што работам сега нема да постои за една година, ќе се растури. А, ние тогаш, во август 1991 година, на концертот имавме дури 120.000 гледачи. А, потоа ми кажа дека јас ќе пеам и пукнав од смеење. Јас бев единствениот од групата што не пееше. Тогаш ми кажа дека на 48 години ќе бидам врвот на српската естрада, јас и Брена се погледнавме зачудено“, раскажа Поповиќ во едно интервју.

Тогаш ја прашал и дали може да му каже кога ќе се ожени, а таа му одговорила дека тоа нема да се случи во наредните шест години.

„А, мојата девојка беше бремена тогаш, четврти месец, но Ванѓа ми рече дека нема ништо од тоа, дека детето нема да се роди и дека ќе раскинеме на петти јануари. И се’ беше така. На крајот ми кажа дека ќе умрам на 86 години од природна смрт“, изјави Саша Поповиќ своевремено за порталот „Ало“.

* Забрането копирање

Следни Објави

Тинејџерките лудуваа по овој наш пејач: Денес е во брак и изгледа уште подобро

Иако не победи на „Идол“, македонската публика најмногу го памети токму по ова шоу кое пред 14 години се емитуваше на тогашната А1 телевизија. Оттогаш, многу работи се променија во животот на Виктор Апостоловски. Музиката остана негова прва љубов, но во меѓувреме заплива и во водителските води. Пред неполни две […]