Сите се сеќаваме на Марко Бошњак, победникот во втората сезона на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.
Пред учеството во „Пинкови ѕвездички“, Марко бил на уште една аудиција каде жирито сметало дека не е доволно талентиран. Очигледно е дека згрешило во проценката.
– Некои луѓе тогаш ми рекоа дека не знам да пеам. Но, не би сакал да зборувам за нив, фокусиран сум на убавите работи. Сакам да работам на себе, докажав дека имам дарба и тоа е мојата најголема награда – изјави Марко во една прилика.
Ова талентирано момче сега изгледа непрепознатливо. Порасна во вистински фраер и девојчињата го обожаваат на „Инстаграм“.
Марко викендов победи на фестивалот Дора и во мај годинава ќе ја претставува Хрватска на Евровизија во Базел, Швајцарија.
„Отровната торта“ е нумера која тој самиот ја напишаа заеднички со Бас Висинк, Бен Пајн и Ема Гејл.
* Забрането копирање