Цела српска естрада денеска се собра на пшогребот на Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“ кој по кратко и тешко боледување почина на 70-годишна возраст.
Меѓу присутните беше и пејачката со која Поповиќ има богато минато.
Злата Петровиќ не можеше да ги сопре солзите, а во дадени моменти липаше на цел глас, пренесуваат тамошните портали.
Љубовната приказна меѓу Поповиќ и фолк-интерпретаторката Злата Петровиќ се случи кон крајот на осумдесетите, кога и двајцата беа млади и успешни.

Поповиќ во тоа време беше еден од најпосакуваните мажи на сцената – талентиран, шармантен и духовит, а нивната врска беше страсна и исполнета со љубов. Тој ја сакаше толку многу што во 1989 година реши да ја запроси и тоа на спектакуларен начин.
НА ИСТАТА ТЕМА:
Потресни сцени! Последен поздрав за Саша Поповиќ, цела естрадата плаче и аплаудира
Скромна е, не ги сака парите на тато: Која е ќерката на Саша Поповиќ?
„Сале многу ме сакаше, долго патеше за мене кога раскинавме… Ме побара на роденденот. Извади брилијантен прстен пред гостите, а јас се исплашив и му го фрлив в лице“, изјави Петровиќ години подоцна.

Таа во тоа време не се чувствувала подготвено за брак. Имала 27 години и се’ уште се опоравувала од разводот со Хасан Дудиќ.
* Забрането копирање

