Семејството, пријателите и колегите денеска се збогуваат со основачот на „Гранд“, Саша Поповиќ.
На комеморацијата се собра цела српска естрада, а присутните го поздравија со громогласен аплауз.
„Во него имаше многу приказни, анегдоти и настани. Човек кој секогаш беше насмеан, ширеше радост, ја креваше гледаноста и уживаше неверојатна популарност 50 години како музичар, автор, водител. Драги луѓе, да го испратиме нашиот Сале со голем аплауз кој сигурно го заслужи“, кажа Воја на настанот.
Саша Поповиќ почина на први март, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
НА ИСТАТА ТЕМА:
Му беше љубовница: Пејачката скршена на погребот на Саша Поповиќ
„Татко ти почина во сообраќајка, мајка ти престана да пали свеќа за слава“
Последните денови ги помина во Париз, во една од најдобрите клиники во Европа, каде што се лекуваше претходните девет месеци, а последните денови ги помина со своите најблиски.