Тажен ден во Струга
Почина Нури Хајдари, локален музичар и еден од најпрепознатливите лица на градот , информира порталот „Журнал.мк“.
Хајдари пред неколку дена доживеал тешка сообраќајна несреќа враќајќи се од работното место, а денеска им подлегнал на повредите.
Неговото заминување е голема загуба за градот на Црн Дрим, коментираат мештаните кои со трогателни посвети се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Беше најпозитивниот музичар“, пишуваат тие.
Беше оженет и татко на три деца.
* Забрането копирање