fbpx

Страшно злосторство! Дане Котески пронајден мртов, се бара помош за семејството

Сопственик на транспортна фирма е пронајден мртов, откако просториите на неговата компанија биле запалени во средата попладне во Крествуд, Кентаки,

Полицијата ја идентификувала жртвата и според пишувањата на „Сербијан тајмс“ станува збор за македонски државјанин-48-годишниот Дане Котески.

Осомничен е возач кој работел кај него кој е уапсен на 145 милји оддалеченост од местото на злосторството.

Полицијата и пожарникарите на Крествуд пристигнале веднаш по 16 часот, кога добиле повик за силен чад што доаѓал од компанијата. По пристигнувањето го изгаснале малиот пожар и сред густ чад на вториот кат од зградата го пронашле безживотното тело на Котески.

Со цел да се истражат причините за пожарот, на терен излегол Државниот противпожарен инспектор од Илиноис. Полицијата во Крествуд и Единицата за големи злосторства во јужните предградија започнаа детална истрага, која брзо доведе до осомничен.

Инспекторите собрале докази кои ги довеле до осомничениот – возач кој работел кај убиениот Котески. Полицијата го окарактеризира делото како изолиран инцидент, насочен исклучиво кон жртвата.

Откако ги следел наводите, осомничениот бил лоциран на паркинг за камиони во Холанд, на околу 145 милји оддалеченост од Крествуд. Тој бил уапсен во петокот наутро околу 5:15 часот по централно време, благодарение на соработката на Единицата за големи криминали во јужното предградие и холандската полиција.

Се чека обдукцијата, семејството бара помош

Истрагата продолжува додека полицијата на Крествуд и канцеларијата на окружниот обвинител работат на екстрадиција на осомничениот назад во Илиноис. Официјалната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата, чии резултати се очекуваат во наредните денови.

Во меѓувреме е започната и хуманитарна акција за помош на семејството на загинатиот Дане Котески преку платформата GoFundMe.

„Дане беше прекрасен татко на Кико, син и брат. Неговата великодушност беше позната меѓу македонската и српската заедница и црква“, пишува во објавата.

* Забрането копирање

Следни Објави

Осми март е единствениот ден кога има смисол да се погледа ова видео

Осми март е денот кој во целиот свет се слави како Меѓународен ден на жената. Овој датум има длабоко вкоренета симболика и важност, бидејќи е посветен на препознавање на придонесот на жените во сите области од животот, како и на борбата за нивните права и еднаквост. Празникот потекнува од почетокот […]