Пејачката имаше посебна причина за славење
Тијана Дапчевиќ сподели заедничка фотографија со мајка си и со нејзината сестра, пејачката Тамара Тодевска, а имаше и повод.
„Среќен роденден, мамо“, напиша таа.
Српски „Гранд“ пишува дека мајката на Тијана, Брана Тодевска, е по потекло од Србија.
„Своевремено се омажи за Македонецот Велко Тодевски, но тој брак за жал не издржа“, пишува истиот портал.
„Имав 18 години кога моите родители се разведоа. Тамара не го прифати тоа баш најдобро, а јас веќе бев свој човек. Мислев дека добар развод е подобар од лош брак“, кажа Тијана во една прилика.
„Иако повеќе не живеевме заедно, со татко ми често се гледав бидејќи беше професор на музичката академија. Кога ќе се сетам на тој период денес, имаше страшни моменти бидејќи разводот е стрес еднаков на загубата на саканата личност“, изјави таа во истото интервју нагласувајќи дека нејзините родители биле познати како Ромео и Јулија од Скопје и дека толку многу се сакале што на крајот изгореле.