Кире Нануновски и Тони Тушев, двајцата Македонци кои важат за најдобрите вокалисти оваа сезона во „Никогаш не е доцна“ имаа дуел за паметење во последната емисија од шоуто.
Но, тоа и се очекуваше, ако се земе в предвид дека и двајцата цел живот се занимаваат со музика, а талентот што го имаат очигледно им е уште од раѓање.
И додека Кире настапува со години, и покрај тоа што е голем тремаџија, Тони повремено гостува на свирките на неговиот син, бидејќи се занимава со сериозна работа.
„Имам компанија која продава автомобили. Таму ги вработив сите мои роднини“, изјави Тони во првиот круг на „Никогаш не е доцна“.
Неодамна Тони си ја отвори душата, а неговата исповед можете да ја прочитате ОВДЕ!
Тони во студиото доби поддршка од неговата сопруга, а Кире допатува во Белград со својот тринаесетгодишен син Нино.
„Мислам дека дојде време татко ми да ја направи Македонија горда затоа што верувам дека го има еден од најдобрите гласови на Балканот и пошироко“, кажа син му на Кире кој беше поздравен со аплауз.
Инаку, Кире Науновски е од Свети Николе, а за неговиот голем проблем можете да прочитате ТУКА!
Жирито имаше многу тешка задача и гласовите беа речиси изедначени. На крајот во бараж заврши Тони, соопшти водителката Драгана Катиќ.
* Забрането копирање