fbpx

Горан загина во сообраќајка: Македонската пејачка ја соопшти страшната вест

Македонската пејачка Тања Царовска соопшти страшна вест.

Во сообраќајна несреќа починало нејзино другарче од детството.

Таа истовремено упати апел до општина Ресен, а нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост.

„Завчера се видов со моето другарче од детството од Ресен, Горан Струјата. Беше насмеан и ведар, како што го знаев отсекогаш. Многу дружби и лудувања сме поминале заедно. Си мафнавме од далеку, сакав да го видам подобро, да си поприкажеме, но бев во брзање и помислив: тука сме, блиску, ќе се видиме пак деновиве.

Вчера Горан загина во сообраќајна несреќа на местото “Макази” во близина на Ресен. Животот е непредвидлив, пречесто забораваме дека можеби нема да има “друг пат”.

Лесен пат низ етерот, другарче, ќе те паметиме и ќе ни фали твојата насмевка и енергија!

Освен пораката да го зграпчиме моментот и да не одложуваме, имам порака до општина Ресен: Крајно време е сообраќајно подобро да се реши разделницата Макази! Премногу луѓе загинаа таму низ годиниве! Кружен тек на Макази, веднаш! Знаете дека е ужасно опасно! Доста е жртви!“.

* Забрането копирање

Следни Објави

Каков пресврт! Марија Шерифовиќ се бакнува на концерт, еве кое е момчето

Марија Шерифовиќ синоќа го одржа својот втор последователен концерт во Белград каде се случи нешто навистина неочекувано. Имено, таа во еден момент се симна од сцената за да биде поблиску до публиката, а потоа му пријде на човек кој седеше во првиот ред и го бакна во уста. Станува збор […]