fbpx

Каков пресврт! Марија Шерифовиќ се бакнува на концерт, еве кое е момчето

Марија Шерифовиќ синоќа го одржа својот втор последователен концерт во Белград каде се случи нешто навистина неочекувано.

Имено, таа во еден момент се симна од сцената за да биде поблиску до публиката, а потоа му пријде на човек кој седеше во првиот ред и го бакна во уста.

Станува збор за Бане Опачиќ, познатиот композитор и текстописец кој важи за близок пријател и соработник на пејачката.

„Зошто се чекаше толку долго на ова“, напиша Бане под видеото што го објави на „Инстаграм“.

„Проговори“ и Марија и се пошегува во свој стил.

„Во уста смееш да се бакнуваш само со мене“, напиша Марија.

Српската пејачка која победи на „Евросонг“ минатата година доби син од сурогат мајка.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша тогаш Шерифовиќ на социјалните мрежи.

Следни Објави

Баба Ванѓа тврдеше дека овие 3 знаци немаат среќа: Судбината не им е наклонета

Баба Ванѓа тврдеше дека три знаци во зодијакот немаат апсолутно никаква среќа во животот и дека се осудени на мачење. Познатата јасновитка често нагласуваше дека хороскопот не е поволен за секого, а потоа откри кои луѓе се осудени да страдаат во текот на нивниот живот. Вага Вагите се паметни луѓе, […]