fbpx

„Брату мој, ретки се другарите како тебе со чисто срце“: Неверување по смртта на Милан

Освојувач е на повеќе признанија, меѓу кои е и европското сребро

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се простуваат од Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери.

„Брату мој, ретки се другарите како тебе со чисто срце. Не требаше вака брат, не требаше брат мој. Нека ти е светол патот брату, никогаш нема да бидеш заборавен. Почивај во мир братче“, пишува Игор Кнеле на „Фејсбук“.

Беше македонски репрезентативец и член на клубот Гладијатор од Скопје.

Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.

Во 2016 година беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје.

Причините за смртта засега не се познати.

* Забрането копирање

Следни Објави

Двајца Македонци го шокираа жирито: Едниот ја викна сопругата, другиот си го зеде синот

Кире Нануновски и Тони Тушев, двајцата Македонци кои важат за најдобрите вокалисти оваа сезона во „Никогаш не е доцна“ имаа дуел за паметење во последната емисија од шоуто. Но, тоа и се очекуваше, ако се земе в предвид дека и двајцата цел живот се занимаваат со музика, а талентот што […]