Баба Ванѓа тврдеше дека три знаци во зодијакот немаат апсолутно никаква среќа во животот и дека се осудени на мачење.
Познатата јасновитка често нагласуваше дека хороскопот не е поволен за секого, а потоа откри кои луѓе се осудени да страдаат во текот на нивниот живот.
Вага
Вагите се паметни луѓе, дипломати и имаат тенденција да бидат миротворци. Најмногу ја ценат хармонијата и рамнотежата, со задоволство помагаат, тешко им е да одбијат некого, а очекуваат и другите да се однесуваат кон нив на ист начин. Сепак, Ванѓа верувала дека често немаат многу среќа во животот, но дека можат да го надминат тоа со тоа што ќе бидат порешителни, ќе размислуваат повеќе за своите постапки и ќе се помират со фактот дека треба да преземат одговорност за се што се случува во нивните животи.
Рак
Проблемот на Раковите е песимизмот, тие често тагуваат и се жалат за се и сешто, а тоа може да ги одврати дури и оние кои им се најблиски. Ова е коренот на многу неуспеси во нивниот живот, иако тие се семејни и добри луѓе, кои ја ценат удобноста на нивниот дом и семејната идила. Сè што им е потребно за да ја надминат лошата среќа во нивните животи е малку оптимизам и посветлен поглед на светот.
Јарец
Јарците се многу вредни работници, но нивниот живот е претежно борба со самонаметнати пречки. Од друга страна, припадниците на овој знак се обдарени со способност да се справат со најсложените проблеми во животот. По природа, тие се издржливи, тврдоглави и неверојатно одлучни, но овие квалитети мора да се негуваат уште од детството за да им се помогне кога ќе дојдат тешки времиња.