Ракот на јајниците е многу посмртоносен од ракот на дојка, а причината е што во поголемиот број случаи се дијагностицира доцна.
За жал, сè уште не постои направа за рано откривање на ракот на јајници, а симптомите најчесто не се специфични. Ова значи дека нема предупредувачки знаци кои би го натерале лекарот да се посомнева за оваа болест.
Истражувањата покажуваат дека поголемиот број на заболени жени оделе на редовни прегледи, 6 до 9 месеци пред да им биде дијагностицирана болеста. Симптомите најчесто се поврзани и со многу други здравствени проблеми кои треба да се испитаат.
Токму поради ова, ракот на јајниците е познат и како тивок убиец. Во само 15% од случаите ракот е дијагностициран во рана фаза, кога е полесен за лекување и кога се нема проширено на другите органи.
Постојат бројни симптоми што се појавуваат во раната фаза, но проблемот е што е многу лесно да ги игнорирате. Па што можете да направите тогаш? Обрнете внимание на вашето тело и на симптомите кои не се вообичаени.
Најчестите симптомите се:
- Подуеност
- Болка во стомакот, грбот или карлицата
- Отекување на абдоменот или карлицата
- Чувство на ситост дури и пред почетокот на оброкот
- Лошо варење
- Дијареја или констипација
- Често мокрење или постојана потреба за мокрење
- Губење енергија и апетит
Исто така може да се појави и крвавење, како и нарушување на менструалниот циклус како обилни или нередовни менструации. Најчесто овој симптом се појавува кај помладите жени бидејќи возраста е ризичен фактор кај овој вид рак. Повеќето жени кај кој е дијагностициран рак на јајниците веќе се во менопауза.
Постојат одредени видови рак на јајникот поради кои може да настане крвавење. Па доколку го забележите вон менструацијата, би требало да посетите лекар.