Нова тажна вест ги вознемири охриѓани денес
Роднини и пријатели денеска на социјалните мрежи се простуваат од Дејан Костојчиноски.
Познатиот нуркач вчера ненадејно починал, велат тие.
„Ќе се сеќаваме на него како на позитивен и дружељубив човек, секогаш подготвен да помогне“, пишува во една од објавите.
Се огласија и од Клубот за подводни Дејности „Охрид“.
„Прерано не’ напушти, другар. Останаа многу нуркања, многу проекти. Ништо нема да биде исто без тебе. Почивај во мир“, напишаа тие.
Охриѓани тагуваат откако вчера се простија и од 55-годишниот хармоникаш Љупчо Никлески. За овој немил настан можете да прочитате ОВДЕ!
Костојчиноски беше вљубеник во адреналинот. Негова голема љубов беше и возењето џипови по околните планини, заедно со колегите од Off Road клубот од Охрид кои, исто така, со неверување ја примија тажната вест.