fbpx

Тоа што го доживеа во Острог го прогонуваше: Бора Чорба долго молчеше за ова

Познатиот музичар отворено зборуваше за работите кои ги доживеал и почувствувал

Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, на 4 септември 2024 година почина во приватна болница во Љубљана каде беше хоспитализиран со тешка пневмонија.

Обожавателите, дури и оние кои не го сакаа како музичар, ќе го паметат по неговите фантастични текстови, но и по многубројните интервјуа во кои откриваше детали од својот живот.

Во емисијата со Марина Рајевиќ Савиќ тој зборуваше за своето искуство во Острог, познатиот манастир во близина на Никшиќ.

„Бев на Христовиот гроб и во Палестина, во пештера. Тоа е страшно и возвишено чувство, а најголемото и најдлабокото чувство на верба го почувствував во Острог. Го доживеав она што лаички можам да го дефинирам како нирвана, нешто како целосна смиреност.

Не знам, нема доволно зборови за да се опише тоа чувство кога бев кај Свети Василиј. Премногу ми е страшно и големо да напишам песна за тоа“, кажа тогаш Бора Чорба.

Следни Објави

„Како да е плесачица за на слон“: Сергеј удри по оваа македонска водителка (ВИДЕО)

Контроверзниот македонски стилист и поранешен водител Сергеј Варошлија гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров. Со јутјуберот опфатија повеќе теми, а секако неизбежен сегмент беше и модната критика. Варошлија овојпат ѝ се нафрли на поранешната македонска мисица и актуелна водителка Вера Мештеровиќ. Конкретно го коментираше нејзиниот аутфит на последното издание на […]