Контроверзниот македонски стилист и поранешен водител Сергеј Варошлија гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров.
Со јутјуберот опфатија повеќе теми, а секако неизбежен сегмент беше и модната критика.
Варошлија овојпат ѝ се нафрли на поранешната македонска мисица и актуелна водителка Вера Мештеровиќ.
Конкретно го коментираше нејзиниот аутфит на последното издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

„Као да е плесачица за на слон. Несоодветно е за нејзиното тело. Реси, материјал, чуда.. Види го деколтето какво е, види ја дупката на стомак, тие дрангулиите по чудна дужина.. со тапирана коса..“, коментира Варошлија.
* Забрането копирање