fbpx

Итно фрлете ги! Еве зошто не треба да ги чувате кутиите и влошките од јајца

Повторната употреба на амбалажа во поголемиот број случаи е идеална идеја, како за зачувување на животната средина, така и за вашиот паричник.

Сепак, кога се во прашање влошките и кутиите за јајца, приказната е поинаква и по нивната употреба треба да се ослободите од нив во истиот миг.

Експертите велат дека проблемот е во картонот од којшто се направени, а кој не може да се чисти и мие и затоа е често контаминиран со бактерии. Тие, исто така, препорачуваат добро миење на рацете по секој допир со јајца и нивната амбалажа.

За да спречите вкрстена контаминација на храна, избегнувајте да ги ставате јајцата и амбалажата од јајца на чиста работна површина. Кога ќе ги скршите, задолжително обратете внимание содржината во јајцето да не дојде во допир со надворешната страна од лушпата.

Важно е да знаете и дека целиот прибор, садовите и работната површина кои биле во контакт со јајце или со амбалажа за јајца мора темелно да ги исчистите.

Празното пакување веднаш фрлете го!

Следни Објави

Три години спијам со шефот на маж ми: Еве зошто треба да ми биде благодарен

Една жена направи вистински хаос на интернет, кога на својот профил на „Твитер“ објави дека го изневерува сопругот со неговиот шеф. Она што изненади многумина е што таа не само што нема грижа на совест, туку и тврди дека нејзината прељуба имала неверојатно големо и позитивно влијание на нивниот брак. […]