fbpx

Три години спијам со шефот на маж ми: Еве зошто треба да ми биде благодарен

Една жена направи вистински хаос на интернет, кога на својот профил на „Твитер“ објави дека го изневерува сопругот со неговиот шеф.

Она што изненади многумина е што таа не само што нема грижа на совест, туку и тврди дека нејзината прељуба имала неверојатно големо и позитивно влијание на нивниот брак.

„Веќе три години спијам со шефот на маж ми. Благодарение на нашиот однос, мојот сопруг неколку пати беше унапреден. Неговиот статус и тоа што постојано е на службени патувања, ми овозможува и понатаму да го изневерувам, а тој постојано да добива бонуси за прекувремено работење. Мисли дека е многу вреден и е пресреќен што напредува во кариерата, а всушност благодарение на мојот однос со шефот е таму каде што е“, раскажува таа.

Коментарите на јавноста се поделени. Некои ја осудуваат оваа жена, но има и такви кои иронично ја нарекуваат „добрата вила“. Трети, пак, се уверени дека мажот знае се’, но дека му е сеедно бидејќи има корист.

Што мислите вие, дали таа навистина е во право? Вашите одговори ги чекаме во коментар.

Следни Објави

Банани на празен стомак? Никогаш повеќе!

Многумина сметаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, иако во последно време се погласни се и мислењата дека луѓето кои го прескокнуваат првиот оброк, за неколку недели значително ја намалуваат тежината и нивниот организам значително се зајакнува. Кога наутро ќе се разбудиме гладни, знаеме да посегнеме по храна која […]