fbpx

Никола Роквиќ за разводот: „Беше тешко, се мачевме“

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ важат за една од најскладните естрадни двојки.

Сепак, во една прилика пејачот ја шокираше јавноста кога проговори за разводот.

Имено, Никола откри со какви предизвици се соочувале, како и што предизвикало попуштање на нивната врска.

„Пет години живеевме на релација Србија-Америка. Трпеше мојата работа овде, нејзината таму, па имаше кавги. Во еден момент рековме дека ќе се разделиме. Тешко ми беше, многу се мачевме. Тогаш повторно го добив тоа чувство на убавина“, изјави Роквиќ.

„Подоцна сфатив дека тоа е благослов. Внатрешен глас ми рече да продолжам да го читам Новиот завет. Во два петока отидов да пеам со луѓето во црквата. Се молев пред олтарот на Св.Петка и Св.Јован Бог да не’ спои мене и Јована и да ја немаме повеќе таа одалеченост“, раскажа пејачот.

Никола Роквиќ ја победи тешката болест: Го излекуваа верата и познатата докторка

Никола потоа се присети на моментот кога дозна дека ќе стане татко и истакна дека му се исполнила најголемата желба.

-Тогаш реков: „Боже, посакувам Бојана да беше бремена, да бидеме сите на едно место и повеќе да не се разделуваме“. Во еден момент си реков дека Бог постои само ако Бојана е бремена. После тоа дојде од Америка и ми даде подарок. Додека го земав, таа ја подаде раката и ми даде тест за бременост. Бев шокиран! Не можев да кажам ни збор. Затоа, Господ постои, и таа голема желба ми се исполни – изјави тогаш Никола.

Следни Објави

Почина 29-годишниот Јане Глигороски: „Вечен ти спомен, незаборавен брате наш!

Тажна вест сподели Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ на својата официјална фејсбук-страна. По кратко боледување почина Јане Глигороски, роден 1996 година. „Денес, по кратко боледување, во Господа заспа нашиот брат, другар и ученик Јане. Патувај возљубен брате во прегратката Аврамова, насладувај се од рајските сладости на Воскресенатиот Христос за […]