fbpx

Почина 29-годишниот Јане Глигороски: „Вечен ти спомен, незаборавен брате наш!

Тажна вест сподели Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ на својата официјална фејсбук-страна.

По кратко боледување почина Јане Глигороски, роден 1996 година.

„Денес, по кратко боледување, во Господа заспа нашиот брат, другар и ученик Јане. Патувај возљубен брате во прегратката Аврамова, насладувај се од рајските сладости на Воскресенатиот Христос за кого гореше твоето искрено срце!“, пишува во дел од објавата.

„Вечен ти спомен достоблажен и незаборавен брате наш! Нашата Богословија изразува длабоко сочувство до родителите и семејството, молејќи го Господа да им даде утеха во овие моменти на привремена разделба! Добро Воскресение пријателу наш!“, напишаа од МПБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.

Следни Објави

Се слуша крик, член на бендот прекинува со пеење: Видео од трагедијата во Кочани

Според податоците кои досега ги има Министерството за внатрешни работи, најмалку 51 лице го изгубија животот во синоќешната трагедија во дскотеката во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пред ПС Кочани изјави дека сто лица се повредени. На социјалните мрежи веќе се објавуваат видеа од моментот кога се запалила […]