fbpx

Беше самохрана мајка, сопругот ѝ почина пред 4 години: Нема утеха по смртта на Сара

Професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“, почина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврдија од Факултетот за музички уметности.

Нејзината колешка Ана Костадиновска, која исто така пее придружни вокали за „ДНК“ и е професорка во средното музичко училиште, е во стабилна состојба и е на домашно лекување, потврди нејзиното семејство.

Пројковска беше самохрана мајка на две деца, пишува порталот „Сакам да кажам“.

Таа пееше придружни вокали на речиси сите поп-пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез трубачот и наставник по труба, Александар Николовски, почина на 48 години во 2021.

Следни Објави

Буцо, брате! Познатите се простуваат од уште еден уметник кој загина во Кочани

Меѓу загинатите 59 лица во Кочани е и Мартин Атанасовски, информираат негови блиски пријатели на социјалните мрежи. Станува збор за исклучително талентиран уметник кој пошироката јавност го знае како Буцо Битбокс.  Трогателни објави за Буцо споделија водителката Милена Антовска-Станковска и музичарот Бока Конга. Атанасовски важеше за близок пријател и соработник […]