fbpx

Македонија завиена во црно: Меѓу загинатите се уште двајца млади спортисти

Фудбалерот Андреј Лазаров не е единствениот спортист кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Локалната телевизија М Нет јави дека меѓу жртвите е и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип.

„Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира телевизијата.

Меѓу загинатите е и 20-годишниот кошаркар Петар Ивановски.

Трагичната вест ја потврдија од неговиот матичен клуб.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е една од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа од Дино баскет.

Следни Објави

Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил: Нова трагедија во Кочани

Тажна вест Во Кочани уште еден живот прерано згасна. Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски. Станува збор за долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани. […]