fbpx

Меѓу загинатите е и познат музичар: Беше човек со големо срце

Струмица тагува. Во синоќешната трагедија во Кочани загина и младиот музичар Горги Горгиев.

На социјалните мрежи се огласи струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…

Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.

Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, напиша тој.

Следни Објави

Андреј од „ДНК“ им подлегнал на повредите: Повеќе познати Македонци загинаа во Кочани

Трагедија каква што не се памети Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот, информира порталот „А1он.мк“. На социјалните мрежи луѓе од естрадата се простуваат и од Сара Пројковска Николовска, еден од најпознатите придружни вокали во Македонија. […]