Трагедија каква што не се памети
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот, информира порталот „А1он.мк“.
На социјалните мрежи луѓе од естрадата се простуваат и од Сара Пројковска Николовска, еден од најпознатите придружни вокали во Македонија.
Меѓу загинатите во Кочани има повеќе познати Македонци.
Откако струмичкиот градоначалник ја потврди смртта на младиот тапанар Горги Горгиев, стигна најлошата вест за уште двајца музичари, членови од придружниот бенд на популарното дуо „ДНК“.
Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“.
Повеќе македонски портали информираа дека загинал и Александар Коларов, гитрист во „ДНК“.
Со тешки повреди здобиени во пожарот бил хоспитализиран и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, кој, за жал, им подлегнал на повредите.
Меѓу загинатите е и Александар Ефремов, познат фотограф од Штип.
Слава им!