fbpx

Позната состојбата на Андреј од „ДНК“: Се огласи член од некогашниот тим на бендот

Андреј Ѓорѓиески е лоциран по пожарот во Кочани.

Популарниот Андреј од „ДНК“ не се води за исчезнат, како што објавија некои портали.

Член од некогашниот тим на бендот за „Слободен печат“ открива дека тој не е со тешки изгореници и дека е во подобра здравствена состојба од Панчо.

„Добар е. Го лоцираа, зошто не се знаеше каде е. Не е со тешки изгореници, подобар бил…“, изјавија за „Слободен печат“.

За здравствената состојба на Панчо претходно се огласи неговата сестра Јадранка Николовска.

„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, открива Николовска низ солзи за порталот „Сакам да кажам“.

Во каква состојба се останатите членови на бендот прочитајте ОВДЕ!

Следни Објави

Татко на загинато дете застана пред камерите: Потресно обраќање (ВИДЕО)

„Едно дете имав, на 21 година допрва требаше да живее..“ Ова се зборовите на родител чие чедо загина во синоќешната трагедија во Кочани. Тој денеска излезе пред медиумите и праша: „Зошто ми е сега живот?“ „Над 150 фамилии ќе страдат. Не ми треба мене веќе живот, што ќе ми е […]