fbpx

„Куме мој“: Лила скршена од тага, познатите Македонки се простуваат од Андреј

Смртта на Андреј од популарното дуо „ДНК“ ги вознемири неговите колеги и пријатели.

Познати Македонци ообјавија трогателни пораки на социјалните мрежи.

„Најмангуп беше од сите. Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевска и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно“, објави на социјалните мрежи пејачката Тамара Тодевска.

Се огласи и водителката и инфлуенсерка Лила Стојановска.

Куме мој. Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест. Кога ми ја пушти песната “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа” без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина. Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш. Летај куме летај со ангелите и чувај нѐ од горе а ние вечно ќе те памтиме и ќе ни фалиш. Искрено и длабоко сочувство до твоето прекрасно и неутешно семејство“, напшиша таа.

Меѓу загинатите има повеќе познати Македонци. Детално прочитајте ОВДЕ!

Следни Објави

Две сестри ги загубија сопрузите во Кочани: Нивните партнери ѝ се познати на јавноста

Повеќе познати музичари ги загубија животите во трагедијата што синоќа се случи во Кочани. Меѓу починатите се и двајца штипски музичари, гитаристот Александар Коларов кој настапуваше со популарното дуо „ДНК“ и клавијатуристот Филип Стевановски. Нивните сопруги се сестри. Ирена Крстевска Стевановска, сопругата на Филип, исто така е дел од музичкиот […]