Од час во час се идентификуваат жртвите од трагедијата во Кочани.
Меѓу починатите лица е и 25-годишната Лепа Тасева, а нејзината сестра, која исто така присуствувала на концертот на „ДНК“, е полесно повредена.
Лепа е ќерка на Танкица Младеновска (46) која на 25-ти септември 2023 година беше свирепо убиена, јави „Фокус“.

Усеин Рашидов (59) кој ја усмрти со 42 убоди од нож пред нејзиниот дом беше осуден на доживотен затвор.
Во јуни 2024 година, додека течеа жалбените постапки, тој се самоуби во притворската ќелија во Затвор Куманово.

