„Едно дете имав, на 21 година допрва требаше да живее..“
Ова се зборовите на родител чие чедо загина во синоќешната трагедија во Кочани.
Тој денеска излезе пред медиумите и праша: „Зошто ми е сега живот?“
„Над 150 фамилии ќе страдат. Не ми треба мене веќе живот, што ќе ми е живот. Едно дете имав. Кај три часот ноќеска дознав за пожарот. Цела ноќ сум таму, не можат да ги препознаат децата беа изгорени“, раскажува родителот.
На вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека расте бројот на починати во трагедијата во Кочани- досега 59.
„Паднав на земја, газеа по мене“: Сведоштво на преживеана девојка (ВИДЕО)
Тој соопшти дека животот го загубил и еден полициски службеник од полициска станица Пробиштип, кој постапувал по претходно утврден план за дрога и присуство на малолетници во предметната дискотека.
„Началникот на СВР Штип ми кажа дека полицаецот требало да биде награден за најдобар полицаец на територијата на СВР Штип. За жал тоа одликување ќе биде постхумно“, кажа Тошковски.