fbpx

Загинал додека го славел раѓањето на синот: Тоше е еден од загинатите во Кочани

Каква трагедија

Тоше Богданов е еден од загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката во Кочани.

Српски портали пишуваат дека излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син.

Богданов, инаку од Облешево, работел во локален салон за автомобили. Според неофицијални информации неговата сопруга се породила неколку дена пред трагедијата.

„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во дискотеката, а сега го нема “, вели за „Информер“ извор запознаен со случајот.

Следни Објави

Македонија завиена во црно: Меѓу загинатите се уште двајца млади спортисти

Фудбалерот Андреј Лазаров не е единствениот спортист кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Локалната телевизија М Нет јави дека меѓу жртвите е и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. „Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс […]