На социјалните мрежи се обрати Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот на „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, кој загина во пожарот во Кочани.
Вели дека нејзиното јавно излагање е предизвикано од нехуманиот однос на медиумите и државните институции.
„Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете. Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со најнехуман однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат лажни информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов“, пишува таа во објавата.
Го идентификувала сопругата: Андреј позади себе остави и десетгодишна ќерка
Ѓорѓиеска ги замолува сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолува и јавните органи да извршат детален увид за целиот трагичен настан.
„Во овој тежок момент за сите нас, јавно ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, не штитете некој кој треба да е позади решетки!Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите“, завршува таа.