fbpx

Само што му се роди син, загина во Кочани: За сопругата на Тоше Богданов нема утеха

На седми март стана татко, а во саботата загина во Кочани славејќи го раѓањето на синот.

Тоше Богданов е еден од загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Синоќа на социјалните мрежи се огласи неговата сопруга Деспина.

Нејзината трогателна посвета ви ја пренесуваме во целост.

„Кога се изборивме со се’ кога го добивме тоа што го сакаме. Нашата љубов доби плот кој ќе не’ веселеше цел живот, на кој ќе се смеевме и радувавме.. Што се случи, зошто овој живот е толку суров и безмилосен, зошто ги зема луѓето кои треба да живеат, на кои животот е пред нив.

Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам нашето мало ангелче да израсне во човек како што беше ти-добар, храбар и јак. Кога ќе порасне и ќе ме праша мамо каде е мојот татко, јас ќе му речам да погледне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети, а тоа ќе бидеш ти. А, јас ќе бидам таа што секогаш ќе те сакам и никогаш нема да те заборавам. Вечна ти слава, беше незаменлив човек“, напиша Деспина на „Фејсбук“.

Следни Објави

Ќе те паметиме по најчистата душа: Кочанчани се простуваат и од Ѓорѓи

Уште еден живот прерано згасна Тажна вест објави предмалку објави клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани. Членовите се простија од Ѓорѓи со кого делеа иста страст-планинарењето. „Ќе те паметиме по најубавата насмевка и најчиста душа. Како добар човек. Така и те испраќаме. Тагата која ја чувствуваме е од […]