Матеј и Никола се уште две деца кои загинаа во дискотеката во Кочани.
На социјалните мрежи се огласи нивната наставничка Елена Накова.
„Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе Ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одд кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа“, ја почнува таа својата трогателна посвета.
„Николче, мило дете, со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми ѕвони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах, Матејче уште во понеделник, па последователно секој ден на излегување од училница, ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“, иако викендот беше далеку! Еее, токму овој викенд беше најлошиот викенд за мене, бидејќи ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите! Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејќи ние за Вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуват како што и вашата присутност меѓу најбиските“, пишува во објавата.