fbpx

„Ситен по раст, но лавчина во срце“: Наум проговори за Андреј, беа најдобри другари

Смртта на Андреј Ѓорѓиески, главниот вокал на дуото „ДНК“, ја потресе македонската естрада.

Бројни пејачи и музичари се простија од него со трогателни зборови, а на социјалните мрежи се огласи и златното грло на домашната фолк-сцена.

Наум Петрески и Андреј беа големи другари и често го поминуваа слободното време заедно.

„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиш Петрески вчера.

Откако повеќе медиуми јавија дека Ѓорѓиески загинал откако се вратил во дискотеката за да им укаже помош на заглавените деца, Наум предмалку повторно се огласи.

„Ништо друго и не очекував од него. Ситен по раст, но лавчина во срце. Нека му е светол патот и никогаш нема да го прежалам. Отиде голем дел од мене со него“, напиша Петрески.

* Забрането копирање

Следни Објави

Во пожарот се повредени уште двајца познати музичари: Се огласи пејачката Марија Данева

Марија Данева, штипјанката која се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, денеска сподели трогателна објава поврзана со трагедијата во дискотеката „Пулс“. Кобната ноќ и таа настапувала во локално кафуле во Кочани, а по свирката со членовите на „Стенд бај“, бендот кој ја придружува, се упатиле на концертот на „ДНК“ со […]